СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ЗАЕВ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА ПРОТЕЧЕНАТА СНИМКА ОД ДОКАЗИТЕ ЗА „ПОТКУП“

    СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ЗАЕВ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА ПРОТЕЧЕНАТА СНИМКА ОД ДОКАЗИТЕ ЗА „ПОТКУП“Премиерот Зоран Заев утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1 за судењето за случајот „Поткуп“. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на обвинетиот премиер Зоран Заев во случајот „Поткуп“ да бидат изземени доказите од ПИ мерките, кои што беа објавени на Јутјуб уште пред две години. Решението за одбивање на барањето на Заев на денешното судење му го врачи судијката Ленка Давиткова, бидејќи нејзината колешка Дијана Груевска Илиевска, која го води процесот против Заев, била, како што рече Давиткова, на боледување. Тоа беше и причината судскиот процес да се одложи за 20 ноември годинава.

    Заев потврди дека денеска му било врачено решение дека неговиот предлог се одбива и повтори дека докрај ќе ја бара правдата за овој, како што рече, монтиран случај против него, каде што со злоупотреби од страна на обвинителство е правена конструкција дека бара поткуп од бизнисмен од Струмица само за да биде оцрнет во јавноста.

    Тој рече дека ја нема целата снимка, инаку во спортивно би ја објавил во целост, од почеток до крај, за да се види, вели тој, дека нема тука никакво кривично дело, а најмалку поткуп.
    „Единствено одговорно за протечените снимки е Обвинителство за организиран криминал и никој друг, за што поднесовме и кривична пријава“, рече Заев.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира