Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски утринава околу 10 часот пристигна во Основниот суд Скопје 1 за судењето за насилство и шамари во општина Центар. Груевски денеска треба да има и приватна средба во Охрид со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се очекува да слета на Охридскиот аеродром со приватен авион во 11 часот. Орбан доаѓа во улога на лидер на Фидес, владејачката партија во Унгарија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ од Европските народни партии, и во Македонија ќе се задржи само неколку часа.
Со бомбите од прислушуваните разговори за кои што Скопска апелација на 8 август годинава пресече дека важат како доказ, денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжи судскиот процес по обвинение на СЈО против поранешниот премиер Никола Груевски и останатите 13-темина обвинети за нарачувањето насилство и шамари во Општина Центар во 2013 година.