ПОЛИЦИЈАТА ДА ОТКРИЕ КОЈ ФРЛА ОТРОВИ ВО ШКОЛСКИ ДВОРОВИ И ИГРАЛИШТА ЗА ТРУЕЊЕ НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ, БАРААТ ВЕЛЕШАНИ

    ПОЛИЦИЈАТА ДА ОТКРИЕ КОЈ ФРЛА ОТРОВИ ВО ШКОЛСКИ ДВОРОВИ И ИГРАЛИШТА ЗА ТРУЕЊЕ НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ, БАРААТ ВЕЛЕШАНИОтровот ‘ланате’ кој е одамна забранет за продажба, некој го наоѓа и го расфрла и тоа по дворовите од градинки, училишта, спортски и детски игралишта, а полицијата не истражува, велат демонстрантите (Фото: СДК.МК)

    Протестен марш против фрлањето отровите по јавните површини се одржа денес низ улиците на Велес.  Забранетиот отров „ланате“  се фрла по дворовите на училишта, градинки, спортски и детски игралишта и се доведува во опасност животот на децата, а  отровите се наменети за  убивање на животните скитници низ градот.  Маршот го организираше  здружението „Гласот на животните“ од Велес, кое на овој начин се обиде да ја подигне свеста кај велешани дека решението не е  убивањето на бездомните животни, туку нивно згрижување.

    „Овој протестен марш е  против расфрлувањето на отрови по градот на површини каде играат  и деца како и  незаинтересираноста на институциите, полицијата и обвинителството  да откријат кој стои зад овие  кривични дела.  Отровот ‘ланате’ кој е  одамна забранет за  продажба, некој го наоѓа  и  го расфрла. И тоа по дворовите од  градинки, училишта, спортски и детски   игралишта. На ова  мора да му стави крај. Очекувавме  на овој  марш да  пристапат родителите бидејќи нивните деца играат на просторот каде се фрла отров, но нив ги немаше“, рече    Ивана Тончова, член на „Гласот на  животните“ од  Велес.

    Здружението не добива никаква финансиска помош од држават и градот, но има  изградено сопствено прифатилиште каде живеат 150 кучиња и 50-тина мачки  скитници. Се финансираат од донации, најчесто на граѓани и од сопствениот џепарлак, бидејќи членови се млади велешани.

    Протестот заврши пред зградата на Општина Велес и на полицијата, каде беа прочитани барањата.

    „Постапките кон бездомните  животни се огледало на нашата совест, однос, слика  кон нив. Затоа бараме масовна стерилизација, а не масовна  елиминација, забрана за слободна продажба на  отрови, истрага за сите досегашни фрлени отрови, за сторителите затвор“, рекоа демонстрантите.

    П. ПЕЧКОВ

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира