НАД 50 МРТВИ ВО ЛАС ВЕГАС, УБИЕЦОТ Е 64-ГОДИШНИК

    НАД 50 МРТВИ ВО ЛАС ВЕГАС, УБИЕЦОТ Е 64-ГОДИШНИКБројот на мртвите би можел да биде и поголем бидејќи има над 200 повредени (Фото: АП)

    Бројот на загинати во денешното пукање во Лас Вегас се зголеми на најмалку 50, додека истовремено има и над 200 повредени.

    Пукањето се случи пред елитниот хотел „Манделеј беј“ во центарот на градот, во моментите кога таму се одржуваше фестивал на кантри музика. Се верува дека ова е најсмртоносното пукање во историјата на САД. Меѓу загинатите се и двајца полицајци.

    Полицијата го идентификуваше убиецот како локалниот жител, 64-годишниот Стивен Падок, кој пукал од 32. спрат на хотелот, каде што и бил ликвидиран.

    „Во неговата соба се пронајдени голем број парчиња огнено оружје. Се уште не знаеме кои се неговите мотиви за ова злосторство“, изјави шефот на локалната полиција, Џозеф Ломбардо.

    Полицијата се уште трага по 62-годишната партнерка на Падок, Марилу Денли, но таа не е осомничена како соучесник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира