ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ КОНЕЧНО ДОБИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО БИТОЛА

    ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ КОНЕЧНО ДОБИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО БИТОЛАОд Центарот за култура во Битола денеска се тргнаа ознаките за фестивалот, но „Браќа Манаки“ сега ќе има постојана канцеларија и во градот (Фотио: СДК.МК)

    Директорот на Центарот за култура во Битола Зоран Димовски овозможи една од просториите во ова институција  цела година да биде канцеларија на фестивалот на филмската камера„Браќа Манаки“, соопшти организаторот. Во писменото соопштение испратено до медиумите нема подетални информации за канцеларијата, кои ќе бидат нејзините ингеренции, обврски и кој ќе работи во неа.

    Сепак, битолчани ова го примија како позитивна вест зашто нивна дамнешна желба е фестивалот да има канцеларија во градот каде твореле браќата Манаки. Сметаат дека со тоа и тие би имале удел во организацијата на фестивалот, а би се изградил и соодветен кадар кој би работел на подготовките за поголема афирмација и посетеност на „Браќа Манаки“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира