Хотелот „Парк хотел и спа“, основан пред само една година, е добитник на годинашната награда „Бренд лидер“, што ја доделува Туристичката асоцијација на Југоисточна Европа (ЦЕЕТ)
Наградата, која се доделува веќе 13 години и афирмира компании и институции од Југоисточна Европа, се темели врз неколку критериуми, како што се иновативност, висок степен на препознатливост, позиционирање и автентичност и скопскиот хотел успеа за кратко време, од само 13 месеци, да ги исполни сите овие високи стандарди.
„Како и досега, ќе продолжиме со имплементација на иновативни решенија и ќе нудиме услуги согласно светските стандарди, како и нови искуства и понуди во нашиот хотел. За време на роденденската недела, планираме организирање на помали настани и промоции за нашите клиенти, гости и за нови посетители, со цел да го искусат нашето познато гостопримство”, изјави генералниот директор на „Парк хотел и спа“, Панајотис Колокатис, по доделувањето на наградата во Белград.