ПОДАТОЦИТЕ ОД КОМПЈУТЕРИТЕ НА ПАНЧЕВСКИ СЕ НА ВЕШТАЧЕЊЕ ВО МВР, КАЖА ЈАНЕВА

    ПОДАТОЦИТЕ ОД КОМПЈУТЕРИТЕ НА ПАНЧЕВСКИ СЕ НА ВЕШТАЧЕЊЕ ВО МВР, КАЖА ЈАНЕВАПретресот на СЈО во Основниот суд Скопје 1 почна вчера околу пладне и траеше пет часа. - Катица Јанева (Фото: СДК.МК)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева кажа дека запленетите материјали од канцеларијата и домот на судијата Владимир Панчевски се предадени на вештачење во министерството за внатрешни работи, но не сакаше да открие повеќе детали за вчерашниот претрес во Основниот суд Скопје 1 и домот на експретседателот на судот, бидејќи, како што кажа таа, податоците уште се анализираат.

    Јанева, која денеска учествува на дебата „Двојба во корист на обвинетиот – виновен надвор од разумно сомневање“, рече дека јавноста ќе биде известена откако ќе бидат анализирани податоците што се во интерес на истрагите на СЈО.

    Според извори на САКАМДАКАЖАМ.МК од судот, Јанева вчера барала докази за евентуален приватен систем за распределба на судски предмети при претресот на претседателскиот персонален компјутер во канцеларијата на Стојанче Рибарев, актуелен в.д. претседател на Кривичниот суд. Истиот тој компјутер го користеле и претходниците на Рибарев, Татјана Михајлова и Владимир Панчевски.

    Цел на обвинителите од СЈО биле компјутерите што ги користел експретседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски и како се случувало доказите со кои располагале обвинителите на СЈО да бидат достапни и за обвинетите и за сведоците.

    Засега, за оддавање службена тајна се сомничи само Панчевски, но истрагата, велат од Основниот суд Скопје 1, неизбежно ќе доведе и до други соучесници во делото. Во играта, велат тие, долго време се десетина судии кои биле влезени во кругот на Панчевски и без чија помош тој не би можел да ја спроведува агендата

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира