ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОВИКА ПОЛИЦИЈАТА ДА ГО ИСТРАЖИ СЛУЧАЈОТ СО ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ ВО ПАРТИСКИ ШТАБ

    ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОВИКА ПОЛИЦИЈАТА ДА ГО ИСТРАЖИ СЛУЧАЈОТ СО ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ ВО ПАРТИСКИ ШТАБВо партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во селото Требеништа кај Охрид, имало обид за силување врз кандидатка за советник од истата партија за идниот Совет на Општината Дебрца, потврди МВР. (Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ Дебрца)

    Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца го осуди, како што велат, насилството и вчерашниот инцидент во просториите на изборниот штаб во Требеништа и ги повика надлежните институции до крај да го расчистат случајот, откако синоќа во полиција беше пријавен обид засилување.

    „ОИШ Дебрца, Кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членовите на советот најостро го осудуваат насилството и вчерашниот инцидент што се случил во просториите на изборниот штаб во село Требеништа. Ги повикуваме надлежните институции до крај да го расчистат случајот и да се превземат мерки согласно законите во Република Македонија”, се вели во соопштението.

    Во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во селото Требеништа кај Охрид, имало обид за силување врз кандидатка за советник од истата партија за идниот Совет на Општината Дебрца, потврди МВР.
    Обидот за силување синоќа го пријавила К.П од селото Требеништа, а како сторител го посочила Ф.П.М.

    „Обидот за полов напад во просториите на општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Требеништа кај нас беше пријавен синоќа. Можам да кажам дека против сторителот ќе биде поднесена пријава”, изјави портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира