Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев седеа еден до друг на свеченоста по повод 50 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Во истиот ред, две седишта подалеку беше и претседателот на Собранието Талат Џафери. Со високи гости од повеќе академии од Европа, покрај највисокиот државен врв и дипломатскиот кор, како и академици и бизнисмени, Македонската академија на науките и уметностите синоќа прослави 50 години на свеченост во Македонската опера и балет во Скопје.
Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити рече дека „МАНУ често е изложена на неприцинципиелни и априорни критки, без да се има увид во нејзиното работење“.
„Сведоци сме дека од Академијата се бара да реагира на политички настани во чиешто одвивање не партиципира, на дневна основа и да се инволвира во меѓупартиски судири со заземање на страна.На ваквите притисоци одговарала и ќе одговара согласно со нејзиното достоинство на врвна самостојна научна и ументичка инстуција, на чувар на слободата, на научниот дијалог, секогаш повикувајќи на мирно и институционално разрешување на проблемите со кои се соочува општетсвото“, рече Фити и додаде дека „на МАНУ не ѝсе својствени избрзани реакции од колумнистички тип, со дневно- политички призвук, дека МАНУ говори со силата на фактите и аргументите.
МАНУ е основана на 23 февруари 1967 година, и досега имала 154 членови. Во петте децении издадени се над 1690 трудови од сите научни и уметнички области.
Б. НЕСТОРОСКА