КАТАЛОНИЈА ГО ОДЛОЖИ ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА НЕЗАВИСНОСТ ЗА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО ДИЈАЛОГ

    КАТАЛОНИЈА ГО ОДЛОЖИ ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА НЕЗАВИСНОСТ ЗА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО ДИЈАЛОГДонесе компромисна одлука за да се ублажи кризата. - Карлес Пуигдемонт (Фото: Евроњуз скриншот)

    Каталонија засега нема да прогласи независност, објави претседателот Карлес Пуигдемонт во своето долго очекувано обраќање во регионалниот парламент, што беше одложено за еден час.

    Избирајќи комромисно решение за да се ублажи кризата, тој истакна дека мора да се продолжи со дијалогот, па затоа неговата влада предложи да се одложи официјалното прогласување на независност.

    „Денеска стојам овдека пред Каталонија и пред целиот свет, за да ги објаснам последиците од референдумот. Шпанија сакаше да не направи мала, но Каталонија е европска. Нема да се заканувам, ниту да навредувам. Мора сите заедно да ја смириме ситуацијата. Сите ние сме еден народ и мора заедно да одиме напред, а тоа е возможно само кога има мир и демократија. Мора да има дијалог. Им благодарам на сите кои гласаа. Каталонците се тие кои треба ја одредат својата иднина, а не Мадрид. Односите со Шпанија не функционираа со години, а сега се неодржливи. На референдумот се изборивме за правото да бидеме независна држава и подготвен сум да одам по тој пат. Ја прифаќам одговорноста Каталонија да биде независна држава во вид на република. Предлагам декларацијата за независност да има одложен ефект, со цел да се продолжи со дијалогот“, изјави, меѓу другото, Пуигдемонт.

    На референдумот што се одржа во хаотични услови на 1 октомври, 90% гласачи се изјаснија за независност на Каталонија, но одзивот беше едвај 43%. Мадрид и уставниот суд одбија да ги признаат резултатите, прогласувајќи го референдумот за незаконски. Тој не доби поддршка и од највисоките институции на Европска Унија.

    Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во последен момент упати јасна порака до Пуидгемонт.

    „Зборувам како припадник на етничко малцинство и како човек кој знае како е тоа да се биде удрен со полициска палка. Го замолив премиерот Рахој да најде решение на проблемот без употреба на сила, а тоа е дијалог, а вас ве замолувам да го почитувате уставниот поредок и да не донесувате одлука која тој дијалог би го направила невозможен“, изјави Туск.

    Поради политичката криза, неколку големи компании најавија дека ќе го преселат своето работење од Каталонија, а две големи банки веќе го преместија своето правно седиште во други делови на Шпанија. Ова би можело економски да ја ослабне Каталонија, која дава речиси 20% од вкупниот бруто домашен производ на Шпанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира