Изгоре дел од кровната конструкција на старата зграда на општина Куманово, од запален оџак на ресторан кој се наоѓа во приземјето на објектот. Пожарот избувна околу 18 часот, а огнот од запалениот оџак се проширил на кровот.
Старата зграда во т.н. Касапски круг е дена од најстарите и најубавите згради во центарот на Куманово.
Во зградата се сместени дел од службите на општина Куманово, како и одделението за Катастар и недвижност.
Екипи на противпожарната единица веднаш излегоа на терен, но не започнаа веднаш со гаснењето, бидејќи не беше исклучена струјата. Прожарот брзо се прошири на кровот, а чадот излегуваше од сите страни под пластичните табли. Се гледаше дека гори и една од канцелариите.
Деан Илиевски, командир на противпожарната единица Куманово, ни изјави дека пожарот е локализиран, а изгорел дел од кровот и една канцеларија. Причините за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдува.
С.НИКОЛИЌ