СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ЌЕ ИГРА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН, ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО ПОРОДУВАЊЕТО

    СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ЌЕ ИГРА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН, ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО ПОРОДУВАЊЕТОПоследната гренд слем титула ја освои во вториот месец од бременоста. - Серена Вилијамс (Фото: Гети)

    Серена Вилијамс планира да се врати на тениските терени во јануари, само четири месеци откако роди ќерка.

    Таа сака да ја брани титулата на Отвореното првенство на Австралија, соопшти организаторот на гренд слем турнирот, Крег Тајли.

    „Серена ќе се врати. Таа сака да игра на турнирот во 2018 година и да ја брани титулата. Се разбира, таа само што почна да тренира и останува самата да реши колку ќе биде подготвена. Има уште доволно време“, кажа Тајли.

    Вилијамс триумфираше на Австралија опен минатата година и потоа откри дека во тој момент веќе била трудна осум недели. Таа ја дознала убавата вест пред почетокот на турнирот, на којшто настапи со дозвола од лекарите и потоа продолжи со редовни тренинзи.

    „Мојата приказна не е завршена“, изјави Вилијамс летоска, кога и навести дека би можела да се врати во јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира