АВСТРИЈА ЈА ТУЖИ ГЕРМАНИЈА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ПАТАРИНИ ЗА СТРАНЦИ

    АВСТРИЈА ЈА ТУЖИ ГЕРМАНИЈА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ПАТАРИНИ ЗА СТРАНЦИАвстрија ја обвини Германија за дискриминација на национална основа (Фото: Ројтерс)

    Австрија ќе покрене постапка против Германија во Европскиот суд на правдата, со цел да ја спречи најавената одредба за воведување патарини за приватни возила на германските автопатишта, изјави австрискиот министер за транспорт Јерг Лајхтфрид.

    Австријците сметаат дека таа е спротивна на законите на Европска Унија.

    Ова е патарина за странци и тоа беше јасно од самиот почеток. Нема да го дозволиме тоа“, кажа Лајхтфрид.

    Контроверзите околу плановите на Германија да воведе патарини постојат веќе неколку години и Австрија долго време се закануваше дека случајот ќе го однесе пред суд.

    Предложен уште во 2013 година, овој закон, конечно, помина во германскиот парламент во почетокот на годината. Тој предвидува воведување вињети, но германските државјани практично би биле ослободени од плаќање патарина врз основа на данокот за личните возила.

    Ова е директна дискриминација врз национална основа“, смета Лајхтфрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира