КАНЦЕЛАРИИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ГЛАСАЊЕТО В НЕДЕЛА ЌЕ БИДАТ ОТВОРEНИ ЗА ПРИЈАВИ НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

    КАНЦЕЛАРИИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ГЛАСАЊЕТО В НЕДЕЛА ЌЕ БИДАТ ОТВОРEНИ ЗА ПРИЈАВИ НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИОмбудсманот апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности, да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено. - Народниот правобранител Иџет Мемети во Собранието (Фото: СДК.МК)

    В недела, 15 октомври, на денот на одржување на првиот круг од Локалните избори 2017, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, ќе бидат отворени за граѓаните од 07-19 часот, соопшти Народниот правобранител Иџет Мемети.

    Граѓаните освен во нашите канцеларии, лично, изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на следниве телефонски броеви: Скопје: 02 3129-327 и 3129-367 , Битола: 047 242-310, Кичево: 045 228-586, Куманово: 031 431-488, Струмица: 034 329-996, Тетово: 044 344-082 и Штип: 032 389-701.

    Омбудсманот апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности, да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира