НЕДОПУШЕНА ПУРА НА ЧЕРЧИЛ СЕ ПРОДАВА ЗА 12.000 ДОЛАРИ

    НЕДОПУШЕНА ПУРА НА ЧЕРЧИЛ СЕ ПРОДАВА ЗА 12.000 ДОЛАРИПурата која ја пушел Черчил на аеродромот во Париз, е зачувана од еден од членовите не кабинскиот екипаж на летот тој ден (Фото: Мирор)

    Недопушената пура, која пред 70 години ја пушел тогашниот британски премиер Винстон Черчил, се продава на аукција за 12.000 долари. Черчил ја пушел пурата на аеродромот Бурже во Париз, на 11 мај 1947, соопштија од американската аукциската куќа РР.

    Малото парче од историјата, долго 10 сантиметри, со името на Черчил на крајот од пурата, го чувал Вилијам Ален Тарнер, кој бил дел од кабинскиот екипаж на летот тој ден.

    „Тој ја остави пурата во пепелник кога се качи во авионот и јас ја зедов под своја заштита“, напишал Тарнер на задната страна на фотографијата, која била сочувана заедно со пурата.

    На фотографијата се гледа Черчил како се качува во авионот, со пура во раката.

    Аукциската куќа ја опиша пурата како „составен дел од имиџот на Черчил“ и „навистина прекрасен остаток од историјата“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира