ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕЛА СЕДУММИНА ЗА СЛИКАЊЕ ИЗБИРАЧКИ ЛИВЧИЊА

    ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕЛА СЕДУММИНА ЗА СЛИКАЊЕ ИЗБИРАЧКИ ЛИВЧИЊАМВР приведе и две лица оти сакале да гласаат за други лица - гласачко место во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, во 15.25 часот, на гласачкото место 2052 во село Горно Седларце, Тетовско, регистриран е обид за физичка пресметка меѓу гласач и член на избирачки одбор.

    И.М. (71) од Горно Седларце дошол да гласа и откако ја приложил личната карта, С.С. (34), член на избирачкиот одбор, поради нарушени меѓусебни односи, му ја фрлил личната карта, по што И.М. физички го нападнал. По инцидентот била известена полицијата, која го привела И.М.

    Исто така, биле евидентирани осум пријави за фотографирање гласачки ливчиња, од кои расчистени се седум случаи, односно седум лица се приведени, од кои четири во Скопје. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    , бидејќи се обиделе да гласаат во име на други лица. Во првиот случај, лице гласало во име на својата мајка, а во Кавадарци лице гласало во име на својата сопруга, при што од ОЈО Кавадарци настанот е квалификуван како кривично дело, злоупотреба на избирачко право.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира