По преброени 99,40% од гласовите, според Државната изборна комисија, на вчерашните локални избори има 51.164 ливчиња, што е за 12.400 повеќе од неважечките ливчиња на парламентарните избори на 11 декември минатата година, кога имаше 38.712.
Бројката од над 51 илјада неважечки ливчиња се однесува на гласањето за општинските совети, додека на гласањето за градоначалници има 45.066 неважечки ливчиња.
Излезноста на вчерашниот прв круг од локалните избори беше 59,52%.