ЛИДЕРОТ НА КАТАЛОНИЈА НЕ МУ ДАДЕ ЈАСЕН ОДГОВОР НА МАДРИД, ПОВТОРНО ПОВИКА НА ДИЈАЛОГ

    ЛИДЕРОТ НА КАТАЛОНИЈА НЕ МУ ДАДЕ ЈАСЕН ОДГОВОР НА МАДРИД, ПОВТОРНО ПОВИКА НА ДИЈАЛОГМадрид го обвини дека ја продолжува неизвесноста во регионот. - Карлес Пуигдемонт (Фото: Ројтерс)

    Претседателот Карлес Пуигдемонт одби да каже дали Каталонија прогласила независност или не минатата недела и шпанската влада го обвини дека со тоа ја продолжува неизвесноста во регионот.

    Мадрид му даде ултиматум на Пуигдемонт директно да се изјасни по ова прашање, во спротивно, ќе ја урне неговата влада во Каталонија, што му го овозможува членот 155 од уставот.

    Место одговор од еден збор, тој во писмо на две страници повика на преговори во наредните два месеца.

    „И покрај сето она што се случи, нашиот повик на дијалог е искрен“, напиша каталонскиот лидер.

    Мадрид не откри какви мерки ќе преземе, но се верува дека Пуигдемонт добил нов краен рок за изјаснување, до четврток.

    „Прашањето беше јасно, но одговорот не е. Одговорот на Пуигдемонт на ултиматумот од Мадрид не го сметаме за валиден. Тој не кажа јасно каква е позицијата на Каталонија“, изјави шпанскиот министер за правда Рафаел Катала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира