КОНЕВСКИ ДЕН ПРЕД ИЗБОРИ АСФАЛТИРАШЕ ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ, ЈА ОСТАВИ УЛИЦАТА ДО ПОЛА

    КОНЕВСКИ ДЕН ПРЕД ИЗБОРИ АСФАЛТИРАШЕ ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ, ЈА ОСТАВИ УЛИЦАТА ДО ПОЛАГрадежната механизација дојде во саботата наутро и го асфалтираше само делот ископан за атмосферска канализација. (Фото: СДК.МК)

    Главната улица во Долно Лисиче, село во Општина Аеродром, стоеше раскопана година дена и беше делумно асфалтирана во саботата, ден пред локалните избори. Улица 1, првин беше раскопана покрај тротоарот за промена на водоводните цевки, а потоа и по средината за изградба на атмосферска канализација.

    Градежната механизација дојде во саботата наутро и го асфалтираше само делот ископан за атмосферска канализација, но и тој дел беше асфалтиран до половина од селото, по што механизацијата и работниците си заминаа.

    Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ победи во сите три избирачки места во Долно Лисиче. – Делумно асфалтираната улица во Долно Лисиче (Фото: СДК.МК)

    Во неделата, кога беше гласањето за локалните избори, не се работеше на улицата, а работниците и механизацијата се вратија утринава, кога продолжија да ја асфалтираат средината на улицата.

    Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ победи во сите три избирачки места во Долно Лисиче, освојувајќи речиси двојно повеќе гласови од противкандидатот Златко Марин од СДСМ, кој, пак, победи во првиот круг.

    На ниво на цела општина Коневски ги изгуби изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира