Каталонија повторно се крена на нозе, откако двајца лидери на сепаратистичкото движење беа уапсени вчера.
Џорди Санчес и Џорди Куичар беа приведени без право на кауција, под обвинение дека во своите говори поттикнувале на насилство. Двајцата беа клучни фигури на контроверзниот референдум од 1 октомври, што Мадрид го прогласи за нелегален и одби да ги признае резултатите.
Во знак на протест, десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Барселона и со запалени свеќи побараа слобода за притворените.
И покрај тоа што уставниот суд ѝ даде целосна поддршка на шпанската влада, каталонските власти велат дека ништо нема да ги спречи на патот кон независноста.
„Предавањето не е опција за оваа влада“, изјави портпаролот на каталонската влада, Џорди Туруљ.
Градските власти на Барселона тврдат дека над 200.000 луѓе зедоа учество во протестот, чија главна порака беше „сите ние сме Џордиевци“. Протести се одржаа и во други градови низ регионот.
„Каталонија останува на својот став“, кажа Туруљ, алудирајќи на предлогот на претседателот Пуигдемонт да се преговара со Мадрид.