ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО ПЕТОК, ПА ПОВТОРНО СТУДЕНО ЗА ВИКЕНД

    ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО ПЕТОК, ПА ПОВТОРНО СТУДЕНО ЗА ВИКЕНДОблачно и втеровито ќе биде и утре, но без дождови, велат синоптичарите од УХМР.Птици во близина на археолошкиот локалитет Скупи (Фото:Ѓ.Личовски)

    Ветровито и облачно време ќе се задржи и утре, но нема да има врнежи, велат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР). Синоптичарите велат дека ќе дува умерен до засилен ветер, а температурата ќе се движи од 10 до 18 степени Целзиусови. Дневната температура во Скопје ќе биде до 14 степени.

    „Во четврток и петок времето ќе биде сончево, но ќе дува ветер од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -2 до 7 степени, а дневните ќе бидат во пораст, па во петок се очекува дневните температури да бидат од 18 до 24 степени“, велат синоптичарите од УХМР.

    Повторно заладување се очекува за време на викендот, кога дневните температури ќе се движат во интервал од 9 до 16 степени и ќе дува засилен ветер од северен правец. Врнежи нема да има.

    „Во последните 24 часа најмногу врнежи се измерени во Дојран, каде наврнаа 88 литри вода на метар квадратен, потоа 31 литар во Штип, во Струмица и Берово наврнаа 30 литри, а во Скопје се измерени 19 литри“, велат од УХМР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира