Патувачкиот караван на „Мерцедес“ денес ги презентираше најновите модели на премиум спортската марка на „Мерцедес-АМГ“.
На специјално подготвениот полигон на паркингот на аеродромот „Александар Велики“, инструктори од Штутгарт ги презентираа најнапредните системи на Мерцедес -бенц, за безбедно и ефикасно возење, како и за системот со авто пилот со кои се овозможува полусамостојно управување на возилото.
На презентацијата беа прикажани и новите електро-хибридни модели.
Моделите „амг “се задвижувани од мотори кои се рачно склопувани, возилата чинат неколку стотици илјади евра, а нивните сопственици се различни успешни луѓе од светот, бизнисмени, шеици и кралеви, музичари, глумци и други јавни личности, но сите ги поврзува една заедничка работа – страст кон спортските перформанси на автомобилите, велат од Мерцедес.
Презентацијата се одржа по повод 50 годишното постоење на Мерцедес-АМГ.