КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ ЧЕКА 40 ДЕНА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ

    КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ ЧЕКА 40 ДЕНА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИТокму на 1 декември истекуваат 40-те дена колку што е рокот грчкиот суд врз основа на барањето на правосудните органи да одлучи дали Грујевски и Бошкоски ќе бидат екстрадирани во Македонија. Грујевски и Бошковски при првото појавување во солунскиот суд на 20 октомври (Фото: Ројтерс)

    Ќе потрае комплетирањето на предметот против уапсените македонски разузнавачи во Солун Горан Грујевски и Никола Бошкоски, информираат од Основниот суд Скопје 1. Според неофицијалните информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, судиите што работат на овој предмет ќе си земат доволно време колку што им дава законскиот рок за да ги запознаат грчките правосудни органи за што станува збор.

    Официјалното известување е дека барањето преку Апелациониот суд е доставено до Основниот суд Скопје 1 и предметот се комплетира во кривичниот совет на одделението за организиран криминал.

    „Овој совет има рок од 40 дена да ја заврши работата. Кога ќе биде предметот готов, јавноста ќе биде навремено информирана“, ни изјавија денеска од Основниот суд Скопје 1.

    Судскиот процес против ексразузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои грчката полиција ги уапси со лажни пасоши, вчера се одложи за први декември. Причина за одлагањето повторно беше немање овластен преведувач од грчки на македонски јазик.

    Токму на 1 декември истекуваат 40-те дена колку што е рокот грчкиот суд врз основа на барањето на правосудните органи да одлучи дали Грујевски и Бошкоски ќе бидат екстрадирани во Македонија.

    Грујевски и Бошкоски беа уапсени на 18 октомври со лажни, бугарски пасоши на аеродромот во Солун. Тие се обиделе да ја напуштат Грција и да прелетаат во Будимпешта, Унгарија.

    По Бошкоски и Грујевски е распишана меѓународна потерница, бидејќи тие како обвинети во предметите на СЈО „Тврдина“ и „Таргет“, избегаа кога им беа потврдени мерките притвор. Осомничени се за нелегално прислушување на илјадници граѓани и за уништување на опремата со која се вршело прислушувањето.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира