САД, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА НЕ ЈА ПРИЗНАВААТ КАТАЛОНИЈА

    САД, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА НЕ ЈА ПРИЗНАВААТ КАТАЛОНИЈАНивниот единствен партнер е Мадрид. - Ангела Меркел и Емануел Макрон (Фото: ЕПА)

    САД, Германија и Франција соопштија дека не ја признаваат независната Каталонија и дека нивниот единствен партнер останува шпанската влада.

    Според портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт, потегот на Каталонија претставува кршење на принципите на суверенитет и на територијален интегритет на Шпанија.

    „Германската влада не ја признава оваа декларација за независност. Берлин има јасен став дека го поддржува премиерот Маријано Рахој во обидите да поврати мир и ред“, изјави Зајберт.

    Слични изјави дојдоа и од Вашингтон и Париз.

    „Каталонија е интегрален дел од Шпанија и САД ги поддржуваат владините уставни мерки за зачувување на силна и обединета Шпанија“, кажа портпаролката на Стејт департмент, Хедер Науерт.

    „Единствениот соговорник на мојата влада и на мене лично во Шпанија е Маријано Рахој. Ние нема да се мешаме, затоа што ова е внатрешно прашање на Шпанија“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира