ПЕТКОВСКИ ОД СДСМ БИЛ СО ВРШКОВСКИ КОГА ПУКАЛЕ ВО НЕГО ВО БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕТКОВСКИ ОД СДСМ БИЛ СО ВРШКОВСКИ КОГА ПУКАЛЕ ВО НЕГО ВО БИТОЛА

    Високиот функционер на СДСМ Борче Петковски бил со поранешниот градоначалник од оваа партија на Битола, докторот Златко Вршковски, кога куршумот завршил во неговата нога, неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Инцидентот се случил попладнево во населбата Карпош, додека Петковски со група пријатели и партиски од СДСМ разговарале крај автобуската станица. Во критичниот момент кај нив минувал автобус. Засега не се знае од каде дошол куршумот, дали некој немерно пукал во функционерите на СДСМ или бил залутан.

    Од битолската болница соопштија дека попладнево од левата натколеница на пациентиот со интервенција било извадено метално тело и дадено на вештачење во полицијата. Пациентот по лекарските прегледи најверојатно ќе биде пуштен дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира