КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕР ПОВИКА НА НЕНАСИЛЕН ОТПОР

    КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕР ПОВИКА НА НЕНАСИЛЕН ОТПОРЗа Мадрид, тој веќе не е претседател на Каталонија. - Карлес Пуигдемонт (Фото: Евроњуз)

    Каталонскиот лидер Карлес Пуигдемонт повика на ненасилен отпор, откако Мадрид примени драстични мерки и ја презеде контролата врз регионот, кој вчера прогласи отцепување од Шпанија.

    Тој ја критикуваше одлуката на Мадрид да ја смени целата власт во Каталонија, што ѝ го овозможува членот 155 од уставот, повикувајќи ги своите приврзаници да се супротстават на мирен начин.

    „Ние мора да се бориме без насилство или навреди, на начин што ги респектира луѓето и нивните сфаќања. Ние сакаме да создадеме општество со помалку неправда, збратимени со луѓето од целиот свет, вклучувајќи ги и Шпанците“, кажа Пуигдемонт во своето обраќање.

    Шпанската влада го распушти парламентот во Барселона и ги смени Пуигдемонт и целиот негов кабинет, како и челниците на регионалната автономна полиција. Со цел да се смират тензиите, Мадрид ја повика регионалната полиција да се држи неутрално во оваа ситуација.

    „Во очекување на зголемен број протести, собири и маршови, нашата главна цел е да ја гарантираме безбедноста на сите луѓе и да се избегнат инциденти“, предупреди владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира