Вандали најверојатно доцна во ноќта ја демолирале урбаната опрема која го украсува битолското шеталиште.
Превртиле и уништиле повеќе жардиниери со цвеќиња, а ги искршиле и корпите за отпадоци.
„Каква е оваа деструктивна енергија?Да ги откорнеш корпите за отпадоци од земјата и да ги превртиш, што полза имале од тоа?“, се чудат битолчани.
Вакви случаи на демолирање имаше и пред пет-шест години, кога вандали ја уништуваа урбаната опрема, засадените дрвца и клупите. Тогаш локалната самоуправа најави дека ќе стави и камери за да ги фатат виновниците. Потоа, работите се смирија за сега на неполна недела по промената на локалната власт повторно да се уништува.
Ж. ЗДРАВКОВСКА