Премиерот Зоран Заев по завршување на локалните избори рече дека изборите беа демократски, кредибилни и демократски. Тој апелираше до раководството на ВМРО-ДПМНЕ пред се да ги има интересите на граѓаните.
„Нека ни е вечна слободата. Нека живее просперитетна, демократска Република Македонија. Го разбирам и чувството на поразениот. Да згаснат еуфориите, мора да работиме сите заради интересите на граѓаните“, рече Заев.
На прашањето како ќе одговори на барањето на Груевски за вонредни парламентарни избори, Заев рече:
„Вонредни парламентарни избори се знае кога по ваков изборен резултат. Но, дефинитивно однесувањето по еуфории и победи, како што правеше ВМРО-ДПМНЕ веднаш да оди на нови избори, нема да има. Во Македонија има што да се работи, треба да работиме упорно и посветено. Нема ниту една институција, ниту една меѓународна организација од она што беше прочитано од лидерот на ВМРО. Изборите беа кристално чисти“, рече Заев.