АМБАСАДАТА НА САД ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ШТО ЌЕ ГО ПОДОБРАТ ДЕМОКРАТСКИОТ ПРОЦЕС

    АМБАСАДАТА НА САД ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ШТО ЌЕ ГО ПОДОБРАТ ДЕМОКРАТСКИОТ ПРОЦЕСIзборите беа компетитивни и почитувањето на основните слободи придонесе кон подобрување на демократскиот процес - гласање во Шуто Оризари во вториот круг на 29 октомври (Фото: Ѓ. Личовски)

    Амбасадата на САД им честиташе на граѓаните на Македонија кои го искористија своето право на глас за време на локалните избори во октомври 2017 и ги поздрави заклучоците на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите беа компетитивни и дека почитувањето на основните слободи придонесе кон подобрување на демократскиот процес.

    Во изјавата стои дека „овие заклучоци се во согласност со она што тимовите од Амбасадата на САД го забележаа за време на првиот и вториот круг од изборите“.

    Од таму им препорачуваат на граѓаните дека ако постои загриженост за неправилности и злоупотреби тие треба да ја искористат соодветната процедура и да ги пријават, а на релевантните власти, брзо да ги адресираат.

    Амбасадата на САД им препорачува на Државната изборна комисија и на други релевантни владини тела да го искористат периодот по овој изборен процес за да се фокусираат на препораките на ОДИХР што беа дадени по изборите во 2016 и во 2017 година.

    „Силна локална власт обезбедува основи за една динамична демократија. Ги охрабруваме новоизбраните градоначалници и советници да бидат отворени, достапни и одговорни за граѓаните во своите општини. Амбасадата ќе ја продолжи соработката со општините, организациите и граѓаните за да се унапредат клучните реформи на локално ниво“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира