ЧЕТВОРИЦА АДВОКАТИ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА БАРААТ ДА НЕ ВАЖИ „БОМБАТА“ НА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА ЗА ТЕНДЕРOT СО „БЕТОН ШТИП“

    ЧЕТВОРИЦА АДВОКАТИ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА БАРААТ ДА НЕ ВАЖИ „БОМБАТА“ НА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА ЗА ТЕНДЕРOT СО „БЕТОН ШТИП“Оваа седница е по жалба на Специјалното обвинителство (СЈО), зашто во септември судијата Ивица Стефановски од Основниот суд Скопје 1, одлучи да ги отфрли прислушуваните разговори на поранешната министерка (Фото: СДК.МК)

    Четворица адвокати во Апелациониот суд Скопје во име на отсутната ексминистерка за култура Елизабета Канческа – Милевска седнаа во судница да ги убедат и овие судии дека бомбите во случајот „Тендери“ за изградба на Музејот на ВМРО не треба да важат како докази.

    Оваа  седница е по жалба на Специјалното обвинителство (СЈО), зашто во септември судијата Ивица Стефановски од Основниот суд Скопје 1, одлучи да ги отфрли прислушуваните разговори на поранешната министерка.

    Обвинителството го претставуваат специјалните обвинители Стевчо Донев и Љубомир Лапе.

    Ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, додека беше на функција, на 14 јуни, 2011  преку телефонска комуникација со сведокот, тогашен генерален директор на ГТД Бетон Штип АД Штип, му кажала фирмата да продолжи со работа на објектот на Музејот на ВМРО од проектот „Скопје 2014“, каде тековно изведувале градежни работи по претходно склучениот договор за јавна набавка. Во телефонскиот разговор, кој е доказ на Специјалното обвинителство во обвинението против Канческа-Милевска, таа му вели на сведокот да ги изведе и сите работи што произлегувале дополнително и да не се чека дваесет дена за спроведување на тендерот.

    Токму овој прислушуван разговор против Канческа-Милевска во обвинението за „Тендери“, Основниот суд Скопје 1 го отфрли како неважечки, за што СЈО поднесе жалба.  Апелација треба да одлучи дали бомбите во „Тендери“ смеат да се отфрлат како неважечки или ќе важат на судењето против ексминистерката за култура и нејзините помошници во кривичното дело.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира