ДРЖАВАТА ДОЛЖИ 3,87 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, А ЈАВНИОТ ДОЛГ Е 4,69 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    ДРЖАВАТА ДОЛЖИ 3,87 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, А ЈАВНИОТ ДОЛГ Е 4,69 МИЛИЈАРДИ ЕВРАОд Министерството за финансии објаснуваат дека намалувањето на јавниот и државниот долг во третото тромесечие од годината се должи на отплата на обврски за надворешен стар долг во вкупен износ 101,9 милиони евра. (фото:Влада)

    Јавниот долг заклучно со 30 септември годинава изнесува 4,69 милијарди евра или 45,8 проценти од бруто домашниот производ (БДП), а државниот долг изнесува 3,87 милијарди евра или 37,8 отсто од БДП, објави денес Министерството за финансии. Јавниот долг на Република Македонија ги вклучува државниот и гарантираниот долг.

    „Државниот долг во третото тромесечие од годината во однос на претходното е намален за 9,6 милиони евра или за 0,1 отсто. Јавниот долг во третото тромесечие од годината во споредба со претходното тромесечие е намален за 16,8 милиони евра во апсолутен износ или за о,2 отсто“, велат од Министерството за финансии.

    Од Министерството за финансии објаснуваат дека намалувањето на јавниот и државниот долг во третото тромесечие од годината се должи на отплата на обврски за надворешен стар долг во вкупен износ 101,9 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира