МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ПИПКАЛ НОВИНАРКА ЗА КОЛЕНО ПРЕД 15 ГОДИНИ

    МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ПИПКАЛ НОВИНАРКА ЗА КОЛЕНО ПРЕД 15 ГОДИНИВо писмото со оставка до британската премиерка Тереза Меј, Мајкл Фалон вели дека дава оставка како секретар за одбрана, бидејќи обвинувањата за сексуално вознемирување се одразуваат на неговата позиција.

    Министерството за одбрана на Обединетото кралство потврди дека Мајкл Фалон поднел оставка од функцијата секретар за одбрана, поради како што кажал, неговото несоодветно однесување во минатото. Фалон е првиот министер од владата на Тереза Меј кој се повлече од функцијата по растечкиот скандал за сексуално вознемирување во Вестминстер, каде серија од жестоки обвинувања се појавија последниве денови.

    Тој неделава се извини за инцидент, кој се случил пред 15 години, во кој тој несоодветно се однесувал кон новинарката Џулија Хартли-Бруер, постојано ставајќи рака на нејзиното колено, иако самата Хартли-Бруер инсистирала дека никој не бил вознемирен поради тоа.

    Но, пријателите на Фалон сугерираат дека можно е да имало слични инциденти неодамна и велат дека тој апсолутно ќе се согласи дека некои од тие флертувања се несоодветни.

    Во неговото писмо со оставка до Тереза Меј, Фалон вели: „Голем број обвинувања се појавија деновиве за пратениците, вклучувајќи некои и за моето претходно однесување. Многу од овие обвинувања се лажни, но прифаќам дека во минатото бев под високите стандарди кои се бараат од вооружените сили, кои имав чест да ги претставувам. Тоа се рефлектира на мојата позиција и сега поднесувам оставка како секретар за одбрана“.

    Во одговорот премиерката Меј вели: „Го ценам карактеристично сериозниот начин на кој сте ја разгледале вашата позиција, и конкретниот пример што сакате да го поставите за службениците, жените и другите“. Таа го пофали за неговата вредна служба.
    Меј сега ќе мора да направи реконструкција на Владата, заедно со тензичните преговори за Брегзит, кои ќе се оддржат следната недела во Брисел.

    Одделни обвинувања се појавија и за други министри деновиве, вклучувајќи го и првиот државен секретар Демиан Грин, кој беше обвинет за несоодветно однесување кон активистката Кејт Малтби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира