ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТРЕЗОРИСТОТ КОЈ УКРАДЕ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД НЛБ БАНКА, ПАРИТЕ ГИ НЕМА

    ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТРЕЗОРИСТОТ КОЈ УКРАДЕ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД НЛБ БАНКА, ПАРИТЕ ГИ НЕМАПрвообвинетиот Бобан Смилевски, кој беше вработен во банката како трезорист, рече дека парите ги украл бидејќи имал долгови, а тој и семејство живееле под закани. - НЛБ Банка

    Бобан Смилевски, првообвинет за грабежот на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра од НЛБ банка, доби девет години и два месеца затвор со пресудата соопштена денеска во Основниот суд Скопје 1.

    Тој е осуден за кривичните дела затајување и тешка кражба. Второобвинетиот Горан Смилевски, брат на Бобан, доби шест и пол години затвор. Третообвинетиот Борис Мичевски пет години и два месеца затвор, додека четвртообвинетиот Мирослав Каевски помина со условна казна. Судот им наложи на осудените и да го вратат целиот износ кој го украле од НЛБ банка.

    Четворицата обвинети за грабежот признаа вина за време на завршните зборови на 27 октомври, но не открија каде се украдените пари. Тогаш, првообвинетиот Бобан Смилевски, кој беше вработен во банката како трезорист, рече дека парите ги украл бидејќи имал долгови, а тој и семејство живееле под закани. Грабежот се случи на 10 април годинава, а Смилевски беше приведен веќе наредниот ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира