ПОБАРАНА МЕЃУНАРОДНА ИСТРАГА ЗА ДИВО НАСЕЉЕ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРЕСУДИТЕ ЗА СУДИРОТ ВО КУМАНОВО

    ПОБАРАНА МЕЃУНАРОДНА ИСТРАГА ЗА ДИВО НАСЕЉЕ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРЕСУДИТЕ ЗА СУДИРОТ ВО КУМАНОВОПлакати за командант Малишева закачени врз мозаикот на Мајка Тереза на новиот плоштад Скендербег во Скопје додека демонстрантите се прибираа за марш кон судскиот комплекс - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Стотина лица денеска протестираа против изречените казни на обвинетите во случајот „Диво насеље“.

    Од плоштадот Скендер бег во Скопје тие се упатија до Кривичниот суд, скандирајки УЧК, УЧК. Дел од нив носеа албански знамиња,транспаренти и слики од осудените лица, како и од убиените од вооружента група која во кумановската населба Диво насеље во мај 2015 година се судри со безбедносните сили.

    Учесниците на протестот велат дека излегле на улица поради двојните аршини на судот и бараат меѓународна истрага за целиот случај. Побараа да се расчистат и други случаи како „Монструм“ и „Бродец“.

    Демонстрантите кратко се задржаа пред Кривичниот суд и потоа се разотидоа.

    Во четвртокот Основниот суд Скопје 1 на обвинетите за настаните на 9 и 10 мај, 2015 во кумановската населба Диво насеље во кои загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, одреди седум доживотни казни затвор, 13 до 40 години, шест по 20 години, една 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години и четири ослободителни пресуди.

    Рочиштето помина во тензична атмосфера. Пред да бидат прочитани пресудите, обвинетите станаа од своите места и почнаа да ја пеат албанската химна, да викаат УЧК, УЧК, да упатуваат закани дека крвтта на убиените нема да остане неказнета, дека во Македонија нема да има мир.

    На 9 и 10 мај 2015 година, во кумановската населба Диво насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во судирот загинаа осум специјалци на МВР, додека 40-тина беа тешко повредени. Убиени беа десет лица од вооружената група.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира