„РАЈСКИТЕ ДОКУМЕНТИ“ ОТКРИЈА КАДЕ НАЈБОГАТИТЕ ГИ КРИЈАТ ПАРИТЕ

    „РАЈСКИТЕ ДОКУМЕНТИ“ ОТКРИЈА КАДЕ НАЈБОГАТИТЕ ГИ КРИЈАТ ПАРИТЕ„Рајските документи“ се појавија 18 месеци по „Панамските документи“. И до двата сета документи дојде германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ и потоа ги сподели со Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ). (Илустрација: ИЦИЈ)

    Најголемите светски бизниси, лидери на држави, филмски, музички и спортски ѕвезди се откриени дека го криеле богатството во тајни даночни раеви. Деталите доаѓаат од протекување на 13,4 милиони документи од две компании од Бермуда, „Еплби“ и „Естера“, кои што нудат офшор услуги, а до кои што дојде германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ и ги сподели со Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство. Проектот е наречен „Рајски документи“ и тие откриваат дека:

    • Милиони фунти од приватниот имот на британската кралица се инвестирани во фонд од Кајманските острови и дел од нејзините пари отишле кај трговска компанија обвинета дека експлоатира сиромашни семејства и ранливи лица
    • Членови на кабинетот, советници и донатори на Доналд Трамп имаат удели во офшор компании, вклучувајќи го и секретарот за трговија Вилбур Рос, кој има удел во компанија на зетот на Владимир Путин
    • Твитер и Фејсбук примиле инвестиции од стотици милиони долари од руски финансиски институции
    • Близок соработник на канадскиот премиер Џастин Трудо раководи со фонд на Кајманските острови, познат даночен рај
    • Огромни корпорации како „Епл“ и „Најки“ избегнувале плаќање даноци
    • Некои од најголемите имиња во светот на филмот и телевизијата си го штителе богатството со офшор шеми
    • Двајца руски милијардери користеле офшор компании да купат удели во фудбалските клубови Арсенал и Евертон

    Откријата од „Рајските документи“ се очекува да го зголемат притисокот врз светските лидери, вклучувајќи ги Доналд Трамп и Тереза Меј, кои ветија дека ќе стават крај на шемите за избегнување даноци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира