СТРУШКАТА ДЕПОНИЈА ПОВТОРНО ГОРИ

    СТРУШКАТА ДЕПОНИЈА ПОВТОРНО ГОРИСтружани се жалат на неподнослива смрдеа која што се чувствува во периферните делови на Струга. - Запалената депонија во Струга (аматерска фотографија)

    Струшката депонија од синоќа повторно гори. Стружани се жалат на неподнослива смрдеа која што се чувствува во периферните делови на Струга.

    Оваа депонија почна повторно да гори веднаш по завршувањето на вториот круг на локалните избори кога за градоначалник на Струга беше избран Рамиз Мерко. Глигор Ќатоски од здружението „Доста е” кажа дека уште на крајот на минатиот месец до градоначалникот Рамиз Мерко му испратиле писмен поднесок со кој што бараат средба со него, сè со цел да се изнајде решение за струшката депонија која што, по сè изгледа, сега веќе никој не ја чува од пироманите.

    Струшката депонија претходно почна да гори по верскиот празник Велигден. Околу 30.000 жители на Oпштина Струга, а индиректно многу повеќе секојдневно вдишуваа отрови од чадот.

    Во Собранието, на денешната седница, една од точките на дневниот ред е Информација за состојбата со депонијата во Струга, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира