Државната изборна комисија ќе организира прегласување во избирачкото место 2901, откако Управниот суд донесе одлука на ова место да се прегласа вториот круг од локалните избори. Веќе на денешната седница ДИК, како втора точка на дневниот ред има закажано разгледување на решенијата за прегласување во Чаир.
Во избирачкото место 2901 кандидатот на ДУИ Висар Ганиу освои 98 гласа, а кандидатот на БЕСА Зеќирија Ибрахими 164 гласа.
Во Чаир победи Ганиу со тесна разлика. Управниот суд смета дека резултатите од повтореното гласање би можеле да влијаат на конечниот резултат.
Прегласувањето треба да се случи в недела (12 ноември).