УБИЕЦОТ ОД ТЕКСАС ГО ИЗВРШИЛ МАСАКРОТ ВО ЦРКВА ПОСЕТУВАНА ОД НЕГОВАТА ТЕШТА

    УБИЕЦОТ ОД ТЕКСАС ГО ИЗВРШИЛ МАСАКРОТ ВО ЦРКВА ПОСЕТУВАНА ОД НЕГОВАТА ТЕШТАПолицијата смета дека мотивот за масакрот во црква во Тексас е домашна ситуација (Фото: Њујорк тајмс)

    Полициските служби кои го истражуваат масовното пукање во Сатерленд Спрингс, Тексас, кога во црква беа убиени 26 луѓе, изјавија дека „домашна ситуација“ во семејството на 26-годишниот убиец Девин Кели, можеби, го мотивирала неговиот чин.

    „Мајката на сопругата на осомничениот одеше во таа црква. Знаеме дека тој испратил заканувачки пораки, но не можеме да одиме во детали за таа домашна ситуација, затоа што истрагата е во тек“, изјави портпаролот на тексашката полиција Фримен Мартин.

    Тој смета дека токму тука треба да се бараат мотивите.

    „Ова не беше расно мотивирано, ниту од некои верски убедувања. Тука е во прашање домашна ситуација“.

    Набргу по пукањето, Кели беше застрелан од двајца цивили, кои се впуштија во потера по него. Неговото тело беше пронајдено во возилото, но сѐ уште не е потврдено дали станува збор за самоубиство.

    Меѓу загинатите се најмалку 14 деца, од кои три биле на една бремена жена, која, исто така, почина.

    Кели беше отпуштен од воената служба во 2012 година, откако ги претепал сопругата и посинокот, на кого притоа му го скршил черепот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира