ШТИП МУ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЕ „8 НОЕМВРИ“ НА ДОНАТОРОТ НА 800.000 ЕВРА ЗА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА

    ШТИП МУ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЕ „8 НОЕМВРИ“ НА ДОНАТОРОТ НА 800.000 ЕВРА ЗА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦАПризнанието „8 ноември“ Општина Штип го доделува по повод Денот на ослободување на градот од фашистичката окупација. - Панорама на Штип

    Општина Штип го награди Александар Арсовски, кој изминатите две години заедно со неговите пријатели од Шведска, обезбеди хуманитарна помош во вредност од 800.000 евра за Клиничката болница во Штип. Тој е еден од добитниците на годинешното признание „8 ноември“, кое што Општината го доделува по повод Денот на ослободување на градот од фашистичката окупација.

    Ова признание, покрај Арсовски ќе го добијат и истакнатиот борец за човекови права, Горан Трајков и спортскиот работник Влатко Костов, поранешен фудбалер на Брегалница, Вардар и Локомотив и актуелен тренер на Ренова, а претходно и на други фудбалски екипи во земјата и странство. Советот на Општина Штип одлучи на свечената седница признание да биде врачено и на двократниот победник на Макфест, штипскиот пејач Влатко Илиев, кој на фестивалот победи годинава и во 2011 година. Признание ќе добие и диригентот Ивана Ѓурѓевиќ Јанаков која со градскиот хор освои повеќе меѓународни награди и признанија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира