ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ ГЛАСАА ЗА МЕРКИТЕ НА ОМБУДСМАНОТ ОТИ БЕА ДЕКОНЦЕНТРИРАНИ И ЗБУНЕТИ, СЕ ПРАВДА КООРДИНАТОРОТ НА СДСМ ТУНТЕВ

    ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ ГЛАСАА ЗА МЕРКИТЕ НА ОМБУДСМАНОТ ОТИ БЕА ДЕКОНЦЕНТРИРАНИ И ЗБУНЕТИ, СЕ ПРАВДА КООРДИНАТОРОТ НА СДСМ ТУНТЕВНародниот правобранител Иџет Мемети, кој ги обвини пратениците за дрско кршење на Законот за народен правобранител. - Томислав Тунтев

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев потврди дека вчера во Собранието имало доволен број пратеници за да се изгласаат предложените мерки од Народниот правобранител за подобрување на состојбата со човековите права и слободи, но, како што кажа, пратениците биле деконцентрирани или збунети од точките на дневниот ред, па не гласале.

    „Тоа беше техничка грешка. Имаше доволен број пратеници за гласање, но пратениците од мнозинството, дали беа деконцентирани или збунети од точките, не гласаа. Инаку имаше доволно пратениците да бидат изгласани препораките на Омбудсманот“, изјави Тунтев по денешната прес-конференција на Народниот правобранител Иџет Мемети, кој ги обвини пратениците за дрско кршење на Законот за народен правобранител.

    Тунтев додаде дека пратеничките групи имале координација и се договориле, како што кажа, да ја исправат грешката. Со идентичен став беше и пратеникот од ДУИ Артан Груби, кој рече дека вчера настанал превид и техничка грешка и партиите се договорени таа грешка со неизгласување на извештајот да се исправи на седница со тоа што ќе биде усвоен малку видоизменет предлог за да се запази процедурата.

    На вчерашната седница, 37 пратеници гласаа „за”, петмина беа „против” и еден беше воздржан.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира