ВЛАДАТА ОСТАНА БЕЗ ТЕЛЕФОНИ, СЕ РАСИПА ЦЕНТРАЛАТА

    ВЛАДАТА ОСТАНА БЕЗ ТЕЛЕФОНИ, СЕ РАСИПА ЦЕНТРАЛАТАНемало никаква штета во нормалното функционирање на службите во Владата, а ни во комуникацијата, бидејќи сите вработени, како и владините функционери, имаат мобилни телефони. - Зоран Заев и Драги Рашковски (Фото: Влада на РМ)

    Три дена Владата е без фиксна телефонија затоа што се расипала телефонската централа. Интерната комуникација помеѓу министрите и службите, како и обезбедувањето последните три дена користи мобилни телефони.

    Дефектот се сервисира, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

    „Точно е дека се расипа телефонската централа во Владата и сервисерите го поправаат дефектот. Работат и денеска. Се работи за централа стара 25 години и нема делови за неа. Дефектот, според сервисерите,  е во напојувањето на централата“, вели Рашковски.

    Рашковски одговори дека немало никаква штета во нормалното функционирање на службите во Владата, а ни во комуникацијата, бидејќи сите вработени, како и владините функционери, имаат мобилни телефони. Комуникацијата, вели тој, секако, во најголем дел е по електронска пошта.

    За денеска било најавено дека централата ќе проработи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира