ЗА ДА НЕ СТАНЕТЕ ПРАТЕНИК – СЛУШАЛКА, НАУЧЕТЕ АЛБАНСКИ, МУ РЕЧЕ АДЕМИ НА МИНОВ

    ЗА ДА НЕ СТАНЕТЕ ПРАТЕНИК – СЛУШАЛКА, НАУЧЕТЕ АЛБАНСКИ, МУ РЕЧЕ АДЕМИ НА МИНОВСедницата започна со еден час задоцнување поради координацијата на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи за текот на расправата. - Џеват Адеми и Панчо Минов (Фото: М. Златевска)

    Пратениците ја продолжија расправата за законот за употребата на јазиците која што беше прекината на 23 септември поради почетокот на локалните избори.

    Седницата започна со еден час задоцнување поради координацијата на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи за текот на расправата. Од опозицијата за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека пратениицте нема да продолжат со реплики и контрареплики меѓу себе.

    „Не знам која е целта на овој закон во Кавадарци или во Пробиштип да се вовдеде негова употреба. Значи, СДСМ тврдеше дека нема двојазичност во сите локални самоупорави, но според предложениот закон не е така. Албанскиот јазик станува службен на цела територија. Не прифаќам такво нешто и јас пратеник слушалка не станувам, рече пратеникот Панче Минов.

    Пратеникот од ДУИ Џеват Адеми му реплицираше на Минов.

    „Токму тоа го бараме со овој закон, да нема пратеник слушалка. Научете албански да ме разбирате како што јас ве разбирам вас и да не бидеме слушалки. Албанскиот јазик е реалност, тоа на Албанците не е нешто што треба да им се додели, туку природно им следува“, рече Адеми.

    Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска рече дека законот е е против уставен и дека власта воопшто не го зема во предвид мислењето на граѓаните

    „Вие од СДСМ сметате дека со резултатите од локалните избори можете да правите што сакате. Јасно е зошто овој закон го криете под превезот на европското знаменце “, рече Лашкоска.

    Пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска во репликата до Лашкоска, рече дека законот за јазиците е уставен и дека е важно да се донесе бидејќи тоа остана единствен дел од Рамковниот договор кој не е реализиран.

    „Граѓаните на избори кажаа што мислат за овој Закон. Доколку биде донесен овој Закон, македонскиот јазик нема да биде загрозен“, рече Лазаревска.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 15 и 30 часот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира