МИЛИОНИ АВСТРАЛИЈЦИ ГЛАСАА „ЗА“ ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИ

    МИЛИОНИ АВСТРАЛИЈЦИ ГЛАСАА „ЗА“ ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИИако гласањето беше необврзувачко, владата веќе подготвила измени на Законот за брак (Фото: Гети)

    Австралијците со големо мнозинство гласаа за легализација на истополови бракови.

    На необврзувачкото гласање по пошта, 61,6% Австралијци се изјасниле дека го поддржуваат правото на геј двојките да се венчаат, објави тамошниот Завод за статистика.

    Предлог-измени на законот веќе се доставени во Сенатот, каде што сега треба да почне и расправа по ова прашање, додека голем број луѓе излегоа на улиците да го прослават резултатот од историското гласање.

    Според премиерот Малколм Турнбул, владата треба да го достави законот во парламентот до Божиќ.

    „Ова е гласот на милиони Австралијци и тие со големо мнозинство гласаа за еднакво право на брак. Тие гласаа за посветеност и љубов“, изјави Турнбул.

    Околу 12,7 милиони луѓе, односно 79,5% од оние со право на глас, зедоа учество во осумнеделното гласање, кое се одвиваше по пошта, како компромис по неколкумесечна шестока јавна дебата за измени на Законот за брак. Од нив, 7,8 милиони гласаа ‘за‘.

    „Ова е неверојатно за доброволно гласање и далеку над сите други слични примери низ светот. Ова покажува колку е важно ова прашање за Австралија“, изјави директорот на Заводот за статистика, Дејвид Калич.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира