„ЈАС ВНИМАВАМ“ НА „ОКТА“ Е НАЈДОБРА ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КАМПАЊА

    „ЈАС ВНИМАВАМ“ НА „ОКТА“ Е НАЈДОБРА ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КАМПАЊАКампањата „Јас внимавам“ врши едукација и на најмладите учесници во сообраќајот, а досега има донирано десет сообраќајни едукативни полигони во основни училишта-Од денешното доделување на наградите за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија (Фото:Окта)

    Кампањата „Јас внимавам“ за подигнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот на компанијата „Окта“ ја доби наградата за најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата вложување во заедницата кај големите компании.

    „Особено сме благодарни на поддршката која ја добивме од страна на Министерството за внатрешни работи и на нивната доверба во спроведувањето на оваа кампања заедно. ‘Јас внимавам’ има за цел да ги направи нашите патишта и улици побезбедни, потсетувајќи ги возачите да не возат под дејство на алкохол, да користат безбедносен појас, мотоциклистите да користат заштитен шлем и секако да се внимава на пешаците. Ако успеавме да спречиме  барем една несреќа, вредеше цела оваа наша заложба“, изјави Јанис Героуланос, главен извршен директор на „Окта“.

    Кампањата „Јас внимавам“ преку своите активности врши едукација и на најмладите учесници во сообраќајот, преку тематска театарска претстава, боенки за основните сообраќајни правила, а досега има донирано десет сообраќајни едукативни полигони во повеќе основни училишта низ државата.

    Манифестацијата „Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија“ е во организација на координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија. На годинешното, 10. доделување на наградите во различни категории на општествена одговорност, свои пријави за наградата доставија 25 македонски претпријатија со вкупно 34 проекти, од кои 10 мали и средни претпријатија со 10 проекти и 15 големи претпријатија со 24 проекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира