НИЛСКИОТ КОЊ ВО БИТОЛСКАТА ЗООЛОШКА СЕ ГРЕЕ НА ПЕЛЕТИ

    НИЛСКИОТ КОЊ ВО БИТОЛСКАТА ЗООЛОШКА СЕ ГРЕЕ НА ПЕЛЕТИЖивеалиштето на нилскиот коњ Берта се загрева со печка на пелети, доби подно греење во живеалиштето, а се загреваат и водата во внатрешниот базен и воздухот во просторијата (Фото: СДК.МК)

    Годинава нема да има зима за нилскиот коњ Берта во Зоолошката градина во Битола. Живеалиштето не само што беше реновирано пред три години туку сега се загрева и со печка на пелети. Преку оваа постапка која се смета за економична и еколошка, нилскиот коњ доби подно греење во живеалиштето, а се загреваат и водата во внатрешниот базен и воздухот во просторијата.

    Од Зоолошката градина велат дека температурата во базентот достигнува до 18 Целзиусови степени, а внатре во просторијата до 21 степен. Оптимална температура за живот на еден нислки коњ е од 16 до 18 степени. На Берта очигледно денес му се згорешти во живеалиштето, па ја затекнавме како јаде и шета низ оградениот дел од дворот.

    Со печки на пелети се загреваат и кафезите на мајмуните, а со панели на струја кафезот на змиите во Зоолошката во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира