МЕРКЕЛ НЕ УСПЕА ДА ЈА ДОГОВОРИ КОАЛИЦИЈАТА „ЈАМАЈКА“

    МЕРКЕЛ НЕ УСПЕА ДА ЈА ДОГОВОРИ КОАЛИЦИЈАТА „ЈАМАЈКА“Главната причина за пропаѓање на преговорите е недовербата помеѓу партнерите. - Ангела Меркел (Фото: Ројтерс)

    Германската канцеларка Ангела Меркел изрази жалење откако преговорите за формирање на таканаречената коалиција „Јамајка“ пропаднаа, што би можело да доведе до нови парламентарни избори.

    Партијата Слободни демократи (ФДП) објави во неделата доцна навечер дека преговорите не успеаја, при што лидерот Кристијан Линднер изјави дека главната причина за тоа е недовербата помеѓу партнерите. Тие, исто така, не успеале да се договорат околу визијата за модернизација на Германија.

    „Подобро да не се состави влада, отколку таа да биде лажна. Разликите помеѓу трите партии се ненадминливи“, изјави Линднер.

    Меркел изјави дека жали за одлуката на ФДП да излезе од преговорите.

    „Верував дека сме на вистинскиот пат. Жалам, со полна почит кон ФДП, што не успеавме во желбата да дојдеме до заемен договор“, кажа Меркел.

    Таа денеска планира да се сретне со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, за да го информира за ситуацијата, како и со челниците на нејзината партија ЦДУ за да се разгледаат следните чекори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира