ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА И ВО БИТОЛА, ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ – ЈАЈЦА

    ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА И ВО БИТОЛА, ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ – ЈАЈЦА

    Шарената револуција продолжи и во Битола. Вечерва жените на протестот пред зградата на Општината им делеа шарени јајца на полицајците што беа во кордонот.

    „Ако немате јајца повелете“, им порачаа демонстрантките на полицајците кои ја обезбедуваа зградата на општинската администрација, каде што е и седиштето на помилуваниот градоначалник Владимир Талевски.

    Повеќето полицајци ги зедоа јајцата. Само малкумина го одбија ваквиот гест.

    Битолчани повеќе од две недели протестираат со барање оставка од битолскиот градоначалник Владимир Талески. Против него и единаесет негови соработници и директори на училиштата, Специјалното обвинителство отвори предистражна постапка поради злоупотреби со превозот на учениците.

    Овој пат, иако Први мај беше пред две дена, тие на протестот побараа поголеми работнички права и социјална правда. Говорниците на протестот симболично ги врзаа Општината, Судот и Полицијата и рекоа дека тоа е Бермудскиот триаголник на Битола во кој што е изгубена правдата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира