ПОДОБРО НОВИ ИЗБОРИ ОТКОЛКУ МАЛЦИНСКА ВЛАДА, КАЖА МЕРКЕЛ ПО КРАХОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ

    ПОДОБРО НОВИ ИЗБОРИ ОТКОЛКУ МАЛЦИНСКА ВЛАДА, КАЖА МЕРКЕЛ ПО КРАХОТ НА ПРЕГОВОРИТЕНе сака да предводи малцинска влада. - Ангела Меркел (Фото: Гети)

    Ангела Меркел навести дека попрво би одела на нови избори, отколку да се обиде да состави малцинска влада, откако пропаднаа преговорите со посакуваните коалициони партнери, што претставува најголемата закана по нејзината моќ во последните десетина години.

    Меркел, која предводеше трипартиска коалиција од 2005 година, изјави дека е многу скептична околу можноста да предводи малцинска влада и додаде дека нема да се противи доколку нови избори бидат закажани во новата година.

    „Јас сум жена која има одговорност и подготвена сум да ја преземам и во иднина. Патот да се формира влада се покажа потежок отколку кој било од нас очекуваше. Мислам дека нови избори се подобро решение сега“, изјави Меркел за телевизијата АРД.

    Во неделата вечер, партијата Слободни демократи соопшти дека се повлекува од натамошните преговори со блокот на Меркел, ЦДУ/ЦСУ, и со Зелените.

    Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер ги повика партиите да ги разгледаат своите ставови.

    „Очекувам партиите да формираат влада во блиска иднина. Тие не смеат одговорноста повторно да им ја препуштат на гласачите“, кажа Штајнмајер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира