БЕТОНСКА СВАСТИКА ОТКРИЕНА ПОД ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН ВО ХАМБУРГ

    БЕТОНСКА СВАСТИКА ОТКРИЕНА ПОД ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН ВО ХАМБУРГСвастиката, која има димензии четири по четири метри, била основа за споменик од времето на нацизмот (Фото: ДПА)

    Огромна бетонска свастика беше откриена под еден фудбалски терен во Хамбург, каде што се извршувале градежни работи.

    Се верува дека свастиката, која има димензии четири по четири метри, била основа за споменик од времето на нацизмот, кој бил размонтиран во 70-ите години од минатиот век. Таа беше пронајдена 40 сантиметри под игралиште во предградието Билштет.

    На местото на ова игралиште своевремено се наоѓал нацистички споменик. Свастиката е толку голема, што ниту машините што ги користат работниците не беа доволно моќни да ја тргнат. Ќе мора да се употребат пневматски машини за да се разбие во помали парчиња“, изјави Јоаким Ширмер, директорот на спортскиот клуб на кој му припаѓа игралиштето.

    И градските власти наредија таа да се отстрани што е можно побрзо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира