Клиничката болница во Штип доби донација од 200.000 евра од шведската хуманитарна организација „ Хант ет хант “. Донацијата се состои од болнички кревети, електрични апарати и инвалидски колички. Оваа хуманитарна организација досега во Клиничката болница во Штип донирала опрема во вкупна вредност од околу милион евра.
„Ќе направиме попис на донацијата и опремата ќе биде распределена по одделенија, онаму каде што најмногу е потребно. Тоа ќе бидат одделенијата кои од претходните донации на добија ништо“, вели директорот на Клиничката болница, Ален Георгиев.
Шведската хуманитарна организација ја предводи брачната двојка Росенгрен. Марија Росенгрен потекнува од Македонија, а врската со Штип е преку големиот штипски хуманитарец Александар Арсовски, кој годинава го доби највисокото општинско признание, наградата „ 8 Ноември “.
Семејството Росенгрен пред неколку месеци донираше и за изградба на црква во кругот на болницата. Хуманитарците од Шведска не го кажаа износот на таа затоа што тоа биле нивни лични средства.
Т.ЈОВАНОВСКИ